Повеќе од 1.000 лица повредени за време на нередите во Киргистан

пред 3 месеци

Повеќе од 1.000 лица се повредени за време на масовните нереди во главниот град на Киргистан, објави републичкото Министерство за здравство, пренесува ТАСС.

„Во овој период, 1.002 лица побараа медицинска помош“, се вели во соопштението.

Најмалку 204 од нив биле хоспитализирани, а другите биле лекувани амбулантски.

Според Министерството за здравство, едно лице починало за време на судирите меѓу оние кои се спротивставуваат на резултатите од парламентарните избори на 4. октомври и полицијата.

По парламентарните избори во Киргистан, претставници на партиите кои не успеаја да го поминат прагот за влез во парламентот, организираа масовни немири во Бишкек, ги зазедоа зградите на парламентот (каде се наоѓа и претседателската управа), администрацијата на Бишкек и канцеларијата на државиот јавен обвинител.

Демонстрантите ги ослободија од затвор поранешниот претседател Алмазбек Атамбаев, поранешниот премиер Сапар Исаков и голем број други политичари.

Share

anime heaven anime bleach anime heaven anime heaven anime

hunter hunter animeflix animeflix haikyuu one punch man animeflix

anime planet jojo diamond is unbreakable anime planet jojo part 5 bakemonogatari anime planet

Scroll to Top