Повеќе од 1.000 луѓе евакуирани поради невремето во Италија, училиштата затворени

Повеќе од 1.000 луѓе евакуирани поради невремето во Италија, училиштата затворени

пред 4 месеци

Реката Сенио се излеа во населбата Кастел Болоњезе кај Равена и водата стигнува до центарот на градот, додека низ регионот Емилија Ромања повеќе од 1.000 луѓе се евакуирани поради влошување на временските услови, соопштија денеска локалните власти.

Покрај 800-те луѓе евакуирани во областа Равена, уште 165 лица биле принудени да ги напуштат своите домови во областа Болоња, пренесува Анса.

Железничкиот сообраќај е во прекин од синоќа меѓу Форли и Фаенца, меѓу Равена и Кастел Болоњезе, Равена и Ферара и меѓу Равена и Фаенца поради временските услови кои можат да доведат до поплави.

Текстот Повеќе од 1.000 луѓе евакуирани поради невремето во Италија, училиштата затворени е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top