Повеќе од 10 рачни бомби биле пронајдени во ранецот на 15-годишно момче во Maлме

Повеќе од 10 рачни бомби биле пронајдени во ранецот на 15-годишно момче во Maлме

пред 9 месеци

Шведската полиција пронашла повеќе од 10 рачни гранати во ранецот на неименуван 15-годишник во Малме, кој бил уапсен заедно со уште две возрасни лица, објави денеска Афтонбладет.

По откривањето на бомбите во петокот околу 18 часот, полицијата опколи голем дел од областа Вастра Хамнен и ги предупреди жителите да не излегуваат на своите балкони.

Националниот одред за бомби ги демонтирал рачните бомби, а околу 22 ч. полицијата соопшти дека веќе нема никаква опасност за јавноста.

Освен 15-годишникот, уапсени се уште две лица на возраст меѓу 20 и 25 години.

Текстот Повеќе од 10 рачни бомби биле пронајдени во ранецот на 15-годишно момче во Maлме е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top