Пожарот на островот Хиос во Грција го гаснат со авиони и хеликоптери

Пожарот на островот Хиос во Грција го гаснат со авиони и хеликоптери

пред 2 години

Пожар утрово избувна во шумска област на грчкиот остров Хиос, а во гаснењето се вклучени 40 пожарникари со 10 возила, два авиона и два хеликоптера.

Според достапните информации, пожарот се шири кон областа Папалија, на источната страна на островот, пренесува „Катимерини“.

Порталот наведува дека островите во северниот дел на Егејското Море во моментот се под многу висок ризик од пожар.

Текстот Пожарот на островот Хиос во Грција го гаснат со авиони и хеликоптери е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top