Полицијата во Загреб од авион исфрли 15 патници

пред 3 години

На меѓународниот аеродром во Загреб од лет за Брисел биле исфрлени 15 лица, а властите соопштија дека нелегално биле во авионот.

Новинарка на „Јутарњи лист“, која била патник на овој лет, пријавила дека во 16.30 часот на летот за Брисел на авиопревозникот „Рајанер“ се качиле околу сто патници, по што дошле стјуардите и симнале прво десет, а потоа уште пет патници.

Потоа на патниците им се обратил капетанот, кој им рекол дека сите мора да го напуштат авионот и да се вратат на чекирање, поради што тие негодувале, но се вратиле во зградата на аеродромот.

На излезот од авионот имало неколку полицајци кои изолирале 15 патници, исклучиво мажи.

Во 17.45 часот патниците повторно се качиле во авионот, но без лицата кои полицијата ги изолирала, кои биле однесени поради кривична истрага.

Share
Scroll to Top