Полската воена авијација во готовност поради руските напади во западна Украина

Полската воена авијација во готовност поради руските напади во западна Украина

пред 12 часа

Полската и сојузничката воена авијација беа ставени во готовност рано утрово за да се обезбеди безбедноста на полскиот воздушен простор откако Русија започна воздушни напади во западна Украина, во близина на границата со Полска, објави Оперативната команда на полските вооружени сили, пренесува Танјуг.

Откако украинските воздухопловни сили предупредија за руски воздушни напади во 02:15 часот по средноевропско време, беше прогласена опасност од руски воздушни напади во поголемиот дел од западна Украина, објави Ројтерс.

„Поради интензивните воздушни напади на Руската Федерација на територијата на Украина, активноста на полските и сојузничките авиони во полскиот воздушен простор започна во раните утрински часови“, објави Оперативната команда на полските вооружени сили на мрежата Икс и потврди дека се активирани „сите расположиви сили и средства“, вклучувајќи дежурни борбени авиони и системи за противвоздушна одбрана.

Русија лансираше рекордни 728 беспилотни летала и 13 ракети, објавиja денес украинските воздухопловни сили, а украинските системи соборија 718 беспилотни летала и седум ракети, пренесува Ројтерс.

Текстот Полската воена авијација во готовност поради руските напади во западна Украина е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top