Полска ги крена превентивно воените авиони поради рускиот напад врз Украина

Полска ги крена превентивно воените авиони поради рускиот напад врз Украина

пред 3 часа

Полската армија ги крена борбени авиони, а властите во Полска привремено ги затворија аеродромите во Жешов и Лублин поради масовниот напад на Русија врз Украина, објавија денес полските власти.

Оперативната команда на вооружените сили нагласи дека овие акции се од превентивен карактер и имаат за цел обезбедување на воздушниот простор, објавува полската ТВН24.

Поради воената операција, аеродромите во Жешово и Лублин беа привремено затворени, објави денес Полската агенција за воздушен сообраќај (ПАНСА).

Како што објавија украинските медиуми, руските војници утрово масовно ја напаѓаат Украина со ударни беспилотни летала, а во голем број региони е прогласена воздушна тревога, објавува Танјуг.

Текстот Полска ги крена превентивно воените авиони поради рускиот напад врз Украина е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top