Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа

Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа

пред 22 часа

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации. Во последното соопштение се наведува дека 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција поради тешка неухранетост.

Според Министерството за здравство во Газа, само вчера починале уште девет лица од глад, со што бројот на жртви од неухранетост од почетокот на конфликтот достигна 122.

Израел, кој го контролира влезот на сите залихи во Газа, повторува дека не постои блокада и ја обвинува Хамас за лошата распределба на ресурсите.

Меѓународната заедница, вклучувајќи ги Германија, Франција и Велика Британија, побара итно олеснување на влезот на помошта, а генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш остро ја осуди „рамнодушноста и недостигот на човечност“ во глобалниот одговор на кризата.

Текстот Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top