Поради новата варијанта на корона и Германија ги прекинува авионските врски со Британија

пред 4 месеци

Гeрманија денеска се приклучи кон европските земји кои ги прекинаа воздушните врски со Велика Британија по појавата на нова, позаразна варијанта на коронавирусот во островската земја, изјави владин извор.

Патничкита летови претходно беа прекинати и од страна на Холандија, Белгија и Италија поради вирусот кој неконтролирано се шири низ Велика Британија.

Одлуката на Берлин стапува на сила во недела на полноќ. Забраната би можела да воведе и целата Европска унија, бидејќи во тек се консултации за заеднички одговор во однос на поморските, железничките и патните врски со Велика Британија.

На таа тема претходно денеска телефонски разговарале и Емануел Макрон, Ангела Меркел, Урсула фон дер Лајен и Чарлс Мишел.

Светската здравствена организација (СЗО) ги повика своите членови во Европа да ја зајакнат контролата над новиот вид на коронавирус што циркулира во Велика Британија, соопштија денеска за АФП од европскиот огранок.

Надвор од Велика Британија, неколку случаи од новиот вид се пријавени во Данска (9) и по еден во Холандија и Австралија, посочуваат од СЗО, од каде им препорачуваат на земјите да ги зголемат капацитететите за секвенционирање на вирусот со цел да се дознае повеќе за опасностите од новиот вид.

Според СЗО, покрај првите индикации дека новиот вид може да биде позаразен, тој би можел да влијае и на ефективноста на некои дијагностички методи, но ова се темели на првичните сознанија.

Досега нема докази за промена на тежината на болеста, иако тоа се истражува.

Од СЗО најавија дека ќе обезбедат повеќе информации веднаш штом имааат појасна слика за карактеристиките на новата варијанта.

Share
Scroll to Top