Околу 23 милиони деца ширум светот ја пропуштиле задолжителната вакцинација во 2020 година. Тоа е за 3,7 милиони повеќе отколку во 2019 година и најмногу од 2009 година, според податоците објавени од Светската здравствена организација и УНИЦЕФ.
До 17 милиони деца веројатно не примиле ниту една вакцина во текот на годината.
Најпогодени области се Југоисточна Азија и Источен Медитеран, покажуваат податоците.
Генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус, подвлече дека додека земјите се обидуваат да добијат пристап до вакцини против Ковид-19, изгубен е напредок во однос на другите имунизации, ставајќи ги децата во опасност од болести како што се сипаниците, детската парализа или менингитисот.