Портпаролката на Белата куќа: Средба меѓу Бајден и Путин во моментов не е опција

пред 3 години

Средба меѓу американскиот претседател Џозеф Бајден и рускиот претседател Владимир Путин во моментов не е опција, изјави портпаролката на Белата куќа.

„Секако дека сега не го планираме“, рече Псаки, додавајќи дека деескалацијата на конфликтот е услов за одржување на таков самит, пренесува Гласот на Америка.

Пред Русија да ги признае самопрогласените Доњецка Народна Република (ДНР) и Луганската Народна Република (ЛНР), францускиот претседател Емануел Макрон рече дека Путин и Бајден го прифатиле неговиот предлог за одржување на самит за Украина.

Белата куќа ја информираше јавноста дека активностите на проектот Северен тек 2 „во моментов не се одвиваат“, откако Берлин го запре процесот на сертификација на гасоводот што поминува од Русија преку Балтичкото Море до Германија.

За време на брифингот со новинарите во Белата куќа, портпаролката на Белата куќа одби да каже дали германската одлука е предмет на отповикување, што предизвика загриженост кај американските пратеници и другите критичари дека проектот ќе биде обновен, пишува Ројтерс.

Share
Scroll to Top