Портпаролот на украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека властите во Украина пронашле нешто што „изгледа како воени злосторства“, вклучително и тела на егзекутирани цивили и масовни гробници, откако Русите се повлекле од областа каде што се воделе борбите.
Портпаролот Сергеј Никифоров за Би-Би-Си изјави дека сцените откриени во делови од окупираните територии, како што е градот Буча, се „навистина тешко да се опишат“.
– Најдовме масовни гробници. Најдовме луѓе со врзани раце и нозе и испукани куршуми во задниот дел од главата. Тие очигледно биле цивили и биле егзекутирани. Ги најдовме полузапалените тела како некој да се обидел да ги сокрие нивните злосторства, но немаа доволно време да го направат тоа како што треба – изјави Никифоров, пренесува Гардијан.
Тој додаде дека украинските војници почнале да ја расчистуваат областа и дека се чини дека нема руски војници.
Руската страна се уште не ги коментира овие наводи.