После САД и Израел го одобри антиковид лекот на Фајзер

пред 3 години

Антиковид лекот на Фајзер, денеска доби одобрение за итна употреба од израелските здравствени регулаторни власти.

Израел нарачал стотици илјади дози од овој лек за борба против омикронскиот бран, објави „Џерусалим пост“.

Израелскиот премиер Нафтали Бенет минатиот месец изјави дека постигнал договор со Фајзер, со кој Израел, заедно со лекот, ќе добие неколку милиони вакцини.

Лекот доби одобрение од ФДА минатата недела и беше откриено дека ги намалува хоспитализирањата за 90 проценти доколку се користи во првите неколку дена од симптомите.

Лекот се очекува да пристигне во Израел најрано во четврток.

Share
Scroll to Top