Потврдено: Американска подморница торпедира иранска фрегата во близина на Шри Ланка

Потврдено: Американска подморница торпедира иранска фрегата во близина на Шри Ланка

пред 6 часа

Американската морнарица изврши напад во кој потона ирански воен брод во близина на брегот на Шри Ланка, потврдија за „Ројтерс“ тројца американски претставници. Еден од нив, кој зборуваше под услов да остане анонимен, рече дека нападот бил извршен од американска воена подморница.

Според најновите информации, најмалку 140 лица се водат како исчезнати по потонувањето на бродот. Властите на Шри Ланка објавија дека 32 лица се спасени.

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, денес на прес-конференција изјави дека ирански воен брод „кој мислел дека е безбеден во меѓународни води“ бил потопен од американска подморница.

Хегсет рече дека бродот бил „потопен од торпедо“. „Ова е прво торпедирање на непријателски брод од Втората светска војна“, додаде тој. „Како и во таа војна… се бориме за победа“, рече тој.

Нападот врз иранската фрегата се случил вчера недалеку од брегот на градот Гале на југот на Шри Ланка, веднаш надвор од територијалните води на таа островска нација. Портпаролот на Министерството за одбрана на Шри Ланка претходно потврди дека морнарицата започнала спасувачка операција откако бил испратен повик за помош од бродот.

Спасените морнари биле префрлени во Националната болница во Гале, каде што се на лекување. Министерот за надворешни работи на Шри Ланка, Виџита Херат, му рече на парламентот дека членовите на екипажот се „критично повредени“.

Првичните извештаи велат дека најмалку 100 лица се водат како исчезнати, додека некои извори од морнарицата и Министерството за одбрана на Шри Ланка велат дека повеќе од 100 се водат како исчезнати, а десетици се повредени. Портпаролот на морнарицата на Шри Ланка подоцна ги оспори некои од бројките, но не даде точни бројки.

Претходните извештаи на АФП велат дека бродот бил иранската фрегата ИРИС Дена. Спасувачките операции во областа каде што потона бродот сè уште се во тек.

 

фото/Depositphotos

Текстот Потврдено: Американска подморница торпедира иранска фрегата во близина на Шри Ланка е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top