По Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ поднесе оставка

По Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ поднесе оставка

пред 1 година

Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, поднесе оставка.

На денешната вонредна прес-конференција, српскиот премиер Милош Вучевиќ поднесе оставка.

„Почитувани граѓани, кога на крајот на април минатата година го добив мандатот од претседателот на Републиката, секако имав силно чувство на гордост, но пред се се обидов да ја разберам одговорноста што ја носи оваа функција“, рече Вучевиќ.

„Себеси се гледав како дел од политиката на континуитет од првата Влада на Александар Вучиќ до Владата на Ана Брнабиќ. Горд сум на она што го направивме како Влада заедно со претседателот на Републиката во претходните девет месеци. Мислам дека постигнавме значајни резултати, пред се во областа на економијата“, додаде Вучевиќ.

Во Нови Сад, родниот град на Вучевиќ, чиј градоначалник беше тој, се случи голема трагедија на 1 ноември 2024 година, кога се урна настрешница на железничка станица, при што загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени.

Трагедијата предизвика протести низ целата земја кои сега станаа масовни.

Студентите повеќе од два месеци ги блокираат факултетите во Србија, барајќи одговорност за смртта на 15 лица, а институциите да почнат да работат според законот.

Само еден ден претходно, Вучевиќ беше на прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ и претседателката на парламентот Ана Брнабиќ, кога ги покани студентите и професорите на дискусија за излез од актуелната криза во земјата.

На истата прес-конференција, Вучиќ најави голема реконструкција на владата, велејќи дека очекува „да бидат сменети повеќе од 50 проценти од министрите“.

 

Текстот По Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ поднесе оставка е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top