По критиките, „Астразенека“ објави нови податоци за својата вакцина

пред 5 години

Британско-шведската фармацевтска компанија „Астразенека“ објави нови податоци за нејзината вакцина против Ковид-19, за кои тврди дека ја потврдуваат високата ефикасност на овој лек.

Вакцината е 76 проценти ефикасна во спречување на симптоматските форми на Ковид-19, а податоците се базираат на студија со околу 32.500 испитаници.

За луѓето постари од 65 години, според компанијата, ефикасноста е 85 проценти. Ова значи дека кај постарите лица во вакцинираната група, имало 85 проценти помалку случаи на заболување во споредба со оние во контролната група.

Компанијата соопшти дека вакцината е 100% ефикасна во спречување на тешки и критични форми на болеста и хоспитализации.

Една вредност од денешното соопштение е помала од порано, а тоа е ефективноста на вакцината против симптоматските форми на болеста. Претходно беше објавено дека ефикасноста е 79 проценти, а сега е 76 проценти.

„Астразенека“ вети дека ќе објави дополнителни податоци откако американската здравствена агенција објави претходно оваа недела дека е можно да се презентирани „застарени“ податоци од тестирањето на вакцините.

Share
Scroll to Top