По победата на Маѓар, ЕУ може да ѝ отвори милијарди на Унгарија

По победата на Маѓар, ЕУ може да ѝ отвори милијарди на Унгарија

пред 4 часа

Убедливата победа на Петер Маѓар ѝ дава силен мандат на неговата партија Тиса за спроведување реформи и можност за одмрзнување милијарди евра од Европска Унија, пренесува Ројтерс.

Аналитичарите оценуваат дека очекуваното двотретинско мнозинство е најповолен исход за ЕУ и пазарите, кои веќе сигнализираат доверба и можен економски раст.

Сепак, постои претпазливост – новата власт ќе мора да ги исполни ветувањата, особено во делот на владеење на правото и борбата против корупцијата, за да се ослободат средствата.

Маѓар најави враќање на Унгарија како силен партнер на ЕУ и НАТО, како и приклучување кон европското јавно обвинителство.

Дел од аналитичарите предупредуваат дека ЕУ нема да ги исплати средствата само врз основа на ветувања, туку ќе бара конкретни резултати.

Текстот По победата на Маѓар, ЕУ може да ѝ отвори милијарди на Унгарија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top