По разорниот циклон, кој ја поплави централна Европа, сега се закануваат лавини

По разорниот циклон, кој ја поплави централна Европа, сега се закануваат лавини

пред 10 месеци

Силниот циклон донесе катастрофални поплави во централна Европа, а беа погодени Австрија, Полска, Чешка, Словачка и делови од Унгарија. На некои локации наврнале над 400 литри дожд на квадратен метар.

Воедно, драстичниот пад на температурата донесе многу силно заладување, па на планините завеја снег.

Снежната линија се спушти на 1.000 метри надморска височина, а падна од 20 до 80 сантиметри снег, локално и повеќе, при што снегот беше проследен со урагански ветрови со брзина од 160 км/ч.

Најобилен снег падна на Алпите, особено на Алпите во јужна и западна Австрија, каде што локално на повисоките места наврнаа и до 2 метра снег.

Снегот ги изненади сите, во многу области два месеца порано, а пристигна по летото, кое никогаш не било потопло.

Инаку, снег над 3.000 метри надморска височина е можен и во лето, но ова лето на австриските Алпи над 3.000 метри е забележана низа од повеќе од 65 дена без снег, со температури во плус.

Силниот и обилен снег и снежната бура блокираа многу планински предели.

На Алпите сè уште паѓа снег, а бидејќи е многу влажен, лавините се закануваат во многу области.

Инаку, интересна е и многу острата линија помеѓу снегот и дождот, а оваа остра линија над Линц ја покажува и фотографијата споделена на социјалните мрежи.

Така, додека во долините на Алпите наврнаа повеќе од 200 литри дожд, заедно со поплавите, снегот вееше на над 1.000 метри.

Текстот По разорниот циклон, кој ја поплави централна Европа, сега се закануваат лавини е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top