Првата група деца кои ќе се лекуваат во Обединетите Арапски Емирати синоќа пристигна на преминот Рафа со палестински амбулантни возила.
Генералниот секретар на египетската Црвена полумесечина во северен Синај, Раед Абдел-Насер, рече дека болните деца биле на пат кон меѓународниот аеродром Ел Ариш, од каде ќе отпатуваат за Обединетите Арапски Емирати.
Според директивата на претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед, 1.000 болни деца од Газа ќе бидат лекувани во болниците во таа земја.
Текстот Првата група болни деца од Газа пристигна во Египет, оттаму ќе отпатуваат за ОАЕ е превземен од МАКФАКС.