Првата дама на САД, Џил Бајден, ненајавено отпатува во Ужгород во Украина, мало гратче во крајниот југозападен агол на Украина.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Во обновеното училиште кое сега служи како привремено сместување за раселените граѓани, Бајден се сретна со првата дама на Украина, Олена Зеленски, која не е видена во јавноста од почетокот на војната на 24 февруари.
„Мислев дека е важно да му покажам на украинскиот народ дека оваа војна мора да заврши и дека оваа војна е брутална. Соединетите држави стојат покрај народот на Украина“, рече Бајден.