Пресвртница за Украина, Молдавија и за Босна и Херцеговина: Европската комисија препорачува отворање на пристапните преговори

Пресвртница за Украина, Молдавија и за Босна и Херцеговина: Европската комисија препорачува отворање на пристапните преговори

пред 4 месеци

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска соопшти дека Комисијата препорачува Советот да ги отвори пристапните преговори со Украина и Молдавија.

Комисијата исто така препорачува отворање преговори за пристап во ЕУ со Босна и Херцеговина „кога ќе се постигне потребниот степен на усогласеност со критериумите за членство“, рече таа.

Комисијата препорачува Советот да ѝ додели на Грузија статус на земја кандидат под услов да се спроведат одредени реформи.

Украина продолжува да се соочува со огромни тешкотии и трагедија предизвикани од руската агресивна војна, но сепак Украинците длабоко ја реформираат својата земја иако водат егзистенцијална војна, пишува „Гардијан“.

Фон дер Лејен рече дека Украина завршила повеќе од 90 отсто од неопходните чекори наведени од Комисијата минатата година укажувајќи на судските реформи и напорите за борба против корупцијата.

„Преостанатите реформи се веќе на пат, ова е добро и Комисијата ги пофалува овие напори. И врз основа на тоа денеска му препорачавме на Советот да ги отвори пристапните преговори“.

Комисијата, истакна таа, исто така препорача Советот да усвои преговарачка рамка откога Украина ќе ги спроведе тековните реформи.

Текстот Пресвртница за Украина, Молдавија и за Босна и Херцеговина: Европската комисија препорачува отворање на пристапните преговори е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top