Над 70 лица се убиени во пресметки на банди во три затвора во Еквадор, соопшти Управата за затвори во земјата, јави ДПА.
Во нередите со повреди се здобиле неколку членови на персоналот.
Владата овие немири ги опиша како „координирана акција на организираниот криминал“, пренесе Ројтерс.
Претседателот Ленин Морено рече дека полицијата прави се за повторно да се воспостави редот во затворите, пренесоа светските медиуми.
„Полицијата и Министерството за внатрешни работи работат на враќање на контролата врз затворите во Гвајакил, Куенка и Латакунга“, соопшти Морено на Твитер.
Морено на Министерството за одбрана му наредил да спроведе строга контрола на оружјето, муницијата и експлозивите во надворешниот периметар на затворите.