Притвор за насилници кои тешко повредиле вработени во прилепската болница

пред 3 години

Прилепското основно јавно обвинителство донесе наредба за истражна постапка против три лица од Прилеп и едно од селото Десово за кои постои сомнение дека сториле кривично дело насилство.

Четворицата осомничени, на возраст од 37, 33, 39 и 30 години на 17 април, во општата болница „Борка Талески“ во Прилеп, извршиле грубо насилство врз двајца оштетени – еден вработен како обезбедување во болницата и еден болничар.

Тие најпрвин грубо ги навредувале и им се заканувале, а потоа физички ги нападнале оштетените, нанесувајќи им повеќе тешки телесни повреди. Со насилството, кај присутните сведоци и во јавноста било предизвикано чувство на загрозување, страв и несигурност.

Судија на претходна постапка го прифатил предлогот на надлежниот јавен обвинител и на четворицата осомничени им определил притвор во траење од 30 дена.​​

Share
Scroll to Top