Просечната нето-плата по вработен исплатена во Хрватска во февруари изнесува 930 евра (7.038 куни), што е реално 3,4 проценти повеќе на годишно ниво, покажуваат податоците на Централното биро за статистика (ЦБС) објавени во вторникот.
Во споредба со јануари годинава, просечната исплатена нето-плата е реално поголема за 0,5 проценти.
Најголемата просечна месечна нето-заработка по лице во февруари е исплатена во производството на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати и тоа во износ од 2.500 евра (18.989 куни), додека најниска заработка, во износ од 565 евра (4.277 куни) е исплатена во сегментот за заштита и истрага.