Пукање во црква во Јордан, најмалку седум загинати и десет повредени

Пукање во црква во Јордан, најмалку седум загинати и десет повредени

пред 3 часа

Најмалку седум лица загинаа, а десет се повредени денеска кога вооружени напаѓачи отвориле оган за време на погреб во црква во јорданската провинција Карак, објави државната телевизија „Ал-Мамлака“, пренесува „Ројтерс“.

Според информациите, двајца напаѓачи излегле од автомобил и почнале да пукаат кон присутните за време на погребната поворка кај црквата „Хамуд“.

Калед Буркан, кој присуствувал на погребот, изјавил дека биле собрани десетици луѓе кога двајца мажи, едниот вооружен со пушка, а другиот со пиштол, отвориле оган. Пукањето траело неколку минути.

Безбедносните сили го опколиле подрачјето околу црквата и трагаат по осомничените.

Засега никој не ја презел одговорноста за нападот, а јорданските власти не соопштија кој стои зад него.

Ваквите напади се ретки во Јордан, земја која се смета за релативно стабилна, иако годинава се соочува со зголемени безбедносни закани поврзани со регионалните конфликти.

Текстот Пукање во црква во Јордан, најмалку седум загинати и десет повредени е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top