Путин и Лукашенко беа на излет со брод

пред 4 години

Претседателите на Русија и Белорусија, Владимир Путин и Александар Лукашенко, беа на патување со брод, изјави синоќа портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Лукашенко е во посета на Русија. Во петокот беше официјалниот дел од состанокот на двајцата претседатели, а вчера тие имаа неформална средба.

Според Песков, Путин и Лукашенко во петокот се договориле дека ќе го искористат убавото време и убавата природа на рускиот југ.

Двајцата лидери разговараа за актуелните прашања, вклучувајќи ја и ситуацијата во врска со слетувањето на авионот на „Рајанер“, кој леташе кон Вилнус од Атина.

Лукашенко изјави дека му донел документи на Путин кои ќе покажат што навистина се случило во Белорусија.

Share
Scroll to Top