Путин: Не смееме да дозволиме надворешно мешање во парламентарните избори во Русија

пред 4 години

Изборот на рускитe граѓани за време на парламентарните избори за Државна дума мора да биде заштитен од какви било обиди на мешање, тие не смеат да се дозволат, рече рускиот претседател Владимир Путин на состанокот со лидерите на парламентарните фракции на Думата.

„Сите сме заинтересирани изборите да се одржат отворено, искрено, достоинствено, на високо конкурентна основа“, рече Путин.

Според него, тоа е важно за водечките партии и сили кои не се застапени во парламентот, но планираат да учествуваат на изборите, и што е најважно, тоа е многу важно за гласачите, бидејќи токму тие ќе ги одредат резултатите од предизборната кампања.

„Тие, граѓаните, ќе одлучат и ние мора да го заштитиме тој избор од какви било обиди за надворешно мешање. Не смееме и нема да дозволиме никакви напади врз суверенитетот на Русија, на правото на нашиот народ да биде господар во својата земја“, нагласи Путин.

Share
Scroll to Top