Путин: Ниту една железна завеса нема да падне на руската економија и покрај санкциите

пред 2 години

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ниту една железна завеса нема да падне на руската економија и покрај санкциите воведени од Западот.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Русија, еден од најголемите светски производители на природни ресурси, се соочува со најголемата економска контракција од падот на Советскиот Сојуз во 1991 година.

Запрашан за можни договори со партнери како Кина и Индија во екот на „затворањето“ на руската економија, Путин на телевизиска средба со млади бизнисмени рече дека руската економија ќе остане отворена.

-Нема да имаме затворена економија, немавме и нема да имаме. Немавме затворена економија – поточно, во советско време, кога се отсековме, ја создадовме таканаречената железна завеса, ја создадовме со свои раце. Нема да ја повториме истата грешка – нашата економија ќе биде отворена – рече Путин.

Откако големите американски и европски компании и инвеститори ја напуштија Русија, Москва рече дека ќе се фокусира на развивање на сопствената домашна индустрија и развој на партнерства со Кина, Индија и силите на Блискиот Исток во одвраќање од Западот.

„Земја како Русија не може да биде оградена“, додаде Путин,пренесе Аваз.ба.

Share
Scroll to Top