Новогодишна честитка на Путин до Русите: „Се’ ќе биде во ред“

Путин: Самите Европејци се виновни за развојот на нивните односи со Америка

пред 1 година

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека самите Европејци се виновни за она што се случува во нивните односи со Америка, но истакна дека Русија не се меша во евро-атлантските односи.

„Русија не шпекулира за односите меѓу САД и ЕУ, но самите Европејци се виновни за тоа како тие моментно се развиваат. Што се однесува до евро-атлантските односи, ние тука не се мешаме“, изјави Путин пред новинарите, пренесува „Интерфакс“.

Путин посочи и дека не се потребни посредници во дијалогот меѓу Русија и САД.

„Некој сака да биде посредник меѓу Русија и САД, но тоа се веројатно претерани барања“, изјави шефот на државата за новинарите.

Текстот Путин: Самите Европејци се виновни за развојот на нивните односи со Америка е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top