Ракетен напад врз Одеса: 16 повредени, меѓу нив и петмесечно бебе

Ракетен напад врз Одеса: 16 повредени, меѓу нив и петмесечно бебе

пред 3 часа

Најмалку 16 лица се повредени, меѓу кои и петмесечно бебе, во утринскиот ракетен напад врз Одеса, соопшти претседателот на Одеската обласна воена администрација, Олексиј Кипер, преку „Телеграм“.

Шестмина од повредените се хоспитализирани, меѓу кои и бебето, информира Кипер.

„Како резултат на нападот, горните катови на повеќекатна станбена зграда се целосно разрушени. Експлозивниот бран оштети и соседни станбени згради и гасовод со низок притисок“, се наведува во соопштението.

Според Кипер, оштетени се уште три станбени згради, од кои едната е целосно разрушена, како и гасовод. Засега нема информации за други повредени.

Сите надлежни служби работат на санирање на последиците од ракетниот напад врз Одеса.

БТА потсетува дека во Одеската област живеат повеќе од 150.000 Бугари, кои според последниот официјален попис во Украина се трета најбројна етничка заедница. Во самиот град Одеса живеат околу 50.000 до 60.000 Бугари.

Најголемото компактно бугарско население е концентрирано во Болградскиот, Измаилскиот и Белгород-Дњестарскиот реон.

Текстот Ракетен напад врз Одеса: 16 повредени, меѓу нив и петмесечно бебе е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top