Рејтингот на Путин во татковината е над 80 отсто

пред 3 години

Рејтингот на рускиот претседател Владимир Путин незначително се намалил за 0,3 процентни поени во однос на минатата недела, па сега според денешното испитување што го објави Серискиот центар за истражување на јавното мнение (VTsIOM) тој има рејтинг од 80,73 отсто.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Анкетата е спроведена меѓу 1.600 полнолетни Руси од 27 јуни до 3 јули годинава.

„На прашањето дали му веруваат на Путин, 80,7 отсто одговориле потврдно. Дури 77,8 отсто од испитаниците ги одобруваат активностите на претседателот на Руската Федерација“, стои во анкетниот лист.

Покрај тоа, 51,3 отсто од испитаниците ја одибруваат работата на руската влада, додека 51,2 отсто го одобруваат делувањето на премиерот Михаил Мишустин. Довербата кон него изнесува 62,2 отсто, пренесува „Тасс“.

Share
Scroll to Top