Ројтерс: Иран договорил набавка на стотици кинески противвоздушни системи

Ројтерс: Иран договорил набавка на стотици кинески противвоздушни системи

пред 6 часа

Иран во наредните неколку недели би требало да ја добие првата пратка од најмногу 400 кинески преносни противвоздушни ракетни системи (MANPADS), објави Ројтерс, повикувајќи се на три извори запознаени со договорот.

Според агенцијата, договорот е вреден меѓу 60 и 70 милиони долари и опфаќа набавка на 300 до 400 системи, меѓу кои моделите QW-12 и FN-16. Наводно е склучен преку компанијата Zhongqing Baoshang International Investment од Хонг Конг, која посредувала меѓу иранската страна и кинескиот добавувач.

Кинеското Министерство за надворешни работи ги отфрли овие информации, оценувајќи ги како „целосно неосновани“, и порача дека Кина доследно работи на промовирање мир и прекин на конфликтите.

Според Ројтерс, Иран се обидува да ја зајакне својата противвоздушна одбрана по повеќемесечните борби со САД и Израел, кои ги открија слабостите во заштитата на неговите воени и стратешки објекти.

Изворите наведуваат дека првите испораки би се вршеле од кинескиот град Урумќи, преку Пакистан до Иран. Пакистанската армија ги демантираше тие тврдења, наведувајќи дека информациите за учество на земјата во транспортот на оружјето се „целосно измислени и неточни“.

Иако договорот, според изворите на Ројтерс, е потпишан, тие предупредуваат дека роковите за испорака, количините и другите детали сè уште може да се променат.

Текстот Ројтерс: Иран договорил набавка на стотици кинески противвоздушни системи е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top