Русите велат дека убиле 500 украински војници во текот на ноќта

пред 3 години

Руското Министерство за одбрана тврди дека руската армија убила 500 украински војници во текот на ноќта откако руската авијација погодила 87 воени цели во Украина.

Се вели дека меѓу погодените цели се и две складишта за оружје во регионот на Харков.

$bp(“Brid_50963737”, {“id”:”26456″,”width”:”800″,”height”:”400″,”video”:”1000151″,”autoplay”:0,”shared”:true});

Министерството, исто така, објави видео на својата веб-страница на која наводно се гледа база за складирање и поправка на украинските вооружени сили за која тврдат дека ја заземале. На видеото може да се видат воени тенкови и други возила.

Би-би-си јави дека засега не успеале независно да ги потврдат овие наводи.

Share
Scroll to Top