Русите лансираа речиси 200 беспилотни летала врз Украина синоќа

Русите лансираа речиси 200 беспилотни летала врз Украина синоќа

пред 1 година

Украинските служби за итни случаи објавија фотографии од спасувачите на теренот по ноќниот руски напад врз Крукивашчина, предградие на Киев.

Како што соопштија украински официјални извори, во текот на ноќта руската војска лансирала 177 беспилотни летала во Украина, од кои украинските сили собориле 110. Во регионот на Киев едно лице загинало, две се повредени, а девет станбени згради биле оштетени.

Во Харков нападот предизвика пожар во деветкатница, при што беа повредени две лица. Во нападот беа оштетени универзитет, опера и станбена зграда. Во изминатите 24 часа најмалку три лица загинаа, а 26 се повредени во нападите на регионите Херсон и Доњецк.

Текстот Русите лансираа речиси 200 беспилотни летала врз Украина синоќа е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top