Русија тврди дека окупирала воен магацин во близина на Харков и дека сега има под контрола илјадници тони украинска муниција.
Ова го објави новинската агенција ТАСС, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.
Веста не е независно потврдена, но претходно денеска украинските власти соопштија дека Русите извршиле офанзива во областа.
Во самиот Харков, според украински извори, Русите ја погодиле салата за венчавки и главниот пазар. Се додава дека има и жртви.