Русија воведува задолжителен лекарски преглед и отпечатоци од прсти за странците, а новите правила веќе предизвикаа силно противење.
Според законот, деталниот лекарски преглед ќе биде задолжителен на секои три месеци и ќе вклучува крвна слика, рендген или томографија.
Обврската стапува на сила на почетокот на следната година. Сите странци ќе бидат тестирани за туберкулоза, сифилис и ХИВ и ќе се земаат отпечатоци.
Резултатите ќе бидат испратени до властите за имиграција.
Руското Министерство за надворешни работи најави дека ќе бара поволни услови за членовите на странските медиуми и нивните семејства. Ќе се прегледуваат и деца на возраст од шест и повеќе години.
Оние кои одбиваат тестирање се соочуваат со закана од одземање на работната дозвола.