Русија до луѓето во Курск: Не користете апликации за запознавање, тоа го користат Украинците

Русија до луѓето во Курск: Не користете апликации за запознавање, тоа го користат Украинците

пред 2 години

Министерството за внатрешни работи на Русија се обидува да ја спречи употребата на апликации за состаноци во регионите погодени од ненадејниот упад на Украина.

„Користењето онлајн-услуги за запознавање навистина не се препорачува. Непријателот активно ги користи за собирање информации“, им порача Министерството за внатрешни работи на граѓаните во регионот Курск, Белгород и Брјанск, пренесоа руските медиуми.

Министерството исто така издаде препораки до воениот персонал и полицијата, вклучително и да не се отвораат никакви врски во пораките добиени од странци и да не се емитуваат видеа од патиштата на кои се наоѓаат воени возила.

Популарните западни апликации за запознавање Tinder, Bumble и Badoo го напуштија рускиот пазар кога Русија ја почна својата инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Украина го почна својот ненадеен прекуграничен упад во Курск на 7 август, а украинскиот претседател Зеленски вчера објави дека Киев сега контролира повеќе од 1.250 квадратни километри руска територија.

Текстот Русија до луѓето во Курск: Не користете апликации за запознавање, тоа го користат Украинците е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top