Русија им постави нов ултиматум на бранителите на Мариупол

пред 3 години

Руското Министерство за одбрана им постави нов ултиматум на украинските сили во Азовстал, пишува Ројтерс.

– Руските вооружени сили, засновани исклучиво на хуманитарни принципи, повторно предлагаат борците на националистичките баталјони и странските платеници да ги прекинат воените операции од 14 часот по московско време и да го положат оружјето – соопшти руското Министерство за одбрана.

Се наведува дека ниту еден украински војник не ја прифатил истата понуда во вторникот. Градскиот совет на Мариупол во телеграма наведува дека руските војници се уште не успеале да го освојат овој град и затоа сакаат да го уништат Азовстал.

Инаку, Азовстал е една од најголемите европски металуршки фабрики. Повеќе од 1.000 цивили се засолниле во засолништето под фабриките, но на руските војници не им е грижа.

Share
Scroll to Top