Сите пречки за признавање на руската вакцина против коронавирус „спутник В“ во Светската здравствена организација (СЗО) се отстранети, остануваат само некои административни процедури, изјави министерот за здравство на Русија, Михаил Мурашко.
„Не гледаме пречки за понатамошна работа. Ова ни го потврди генералниот директор на СЗО“, рече Мурашко на прес -конференција во Женева по состанокот со директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, пренесе ТАСС.
Сега е неопходно компанијата, која се занимава со регистрација на вакцините во СЗО, да ги потпише и достави документите. „Тоа е административна постапка“, рече Мурашко.
Гебрејесус му се заблагодари на рускиот министер за здравство за посетата, велејќи дека средбата била конструктивна.