Руската амбасада бара од САД да ја осудат изјавата на сенаторот Греам за убиство на Путин

пред 3 години

Руската амбасада во Вашингтон побара од САД официјално да ја објаснат и осудат изјавата на сенаторот Линдзи Греам за рускиот претседател Владимир Путин.

Сенаторот Греам, републиканец кој ја претставува Јужна Каролина во американскиот Сенат, претходно на Твитер праша дали Русија го има Брутус или има поуспешен полковник Стауфенберг во руската армија, познат по обидот да го убие Хитлер.

„ Единствениот начин да се стави крај на ова е некој да го отстрани тој човек (Путин). Ќе си направиш голема услуга на себе и на целиот свет“, напиша Греам.

„ Бараме официјално објаснување и остра осуда на криминалните изјави на тој Американец“, соопшти руската амбасада на Фејсбук.

Според рускиот амбасадор Анатолиј Антонов, изјавата на Греам е неприфатлива и нечуена, пренесува РИА Новости.

„ Невозможно е да се поверува дека сенатор на земја која ги проповеда своите морални вредности како „ѕвезда водилка“ за целото човештво може да си дозволи да повикува на тероризам како начин за постигнување на целите на Вашингтон на меѓународната сцена“, рече Антонов.

Тој додаде дека се плаши за судбината на САД, на чие чело, како што наведе, се „толку неодговорни и непрофесионални политичари“.

Share
Scroll to Top