Британското Министерство за одбрана објави нов извештај за ситуацијата на бојното поле во Украина. Денес, нивниот фокус е на ситуацијата во руската армија.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Британците пишуваат дека Русија се надева дека ќе ги исправи проблемите од претходно, па инвазијата во оваа фаза од војната географски ја ограничила на помала област. Ова, велат Британците, ги скратило руските линии за снабдување и ја поедноставило командата и контролата.
„Русија сè уште се соочува со значителни предизвици. Таа беше принудена да ги спои и прераспореди исцрпените и различни единици од неуспешното напредување во североисточна Украина. Многу од овие единици веројатно страдаат од ослабен морал“, велат Британците.
Тие понатаму посочуваат дека остануваат значителните недостатоци во руската тактичка координација. Воздушната поддршка за руските војници на теренот, велат Британците, е неконзистентна.
Сето ова, сметаат тие, и покрај локализираните успеси, ја оставилo Русија неспособна целосно да го искористи својот борбен потенцијал.