Руски воен блогер осуден на 6 и пол години затвор

Руски воен блогер осуден на 6 и пол години затвор

пред 4 месеци

Руски воен блогер е осуден на шест и пол години во затворска колонија, откако беше прогласен за виновен за ширење лажни информации за вооружените сили, соопштија владините истражители.

Андреј Куршин го водеше каналот на Телеграм „Moscow Calling“, кој ги поддржуваше целите на руската војна во Украина, но го критикуваше начинот на кој военото раководство ја водеше кампањата.

Аналитичарите од Институтот за проучување на војната го опишаа Куршин, во времето на неговото апсење во август минатата година, како „маргинален ултранационалист“ кој залутал надвор од границите на дозволената критика на руските воени напори.

Текстот Руски воен блогер осуден на 6 и пол години затвор е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top