Руски генерал: Оваа година зазедовме 1.700 квадратни километри во Украина

Руски генерал: Оваа година зазедовме 1.700 квадратни километри во Украина

пред 3 часа

Руските сили од почетокот на годината зазеле околу 1.700 квадратни километри во Украина, изјави началникот на Генералштабот Валериј Герасимов, додавајќи дека под руска контрола се ставени 80 населени места.

Тој тврди дека руските единици се наоѓаат на околу 7 до 12 километри од Славјанск и Краматорск, додека борби веќе се водат во делови од Костјантинивка.

Од украинска страна, врховниот командант Олександр Сирски изјави дека во март украинските сили повторно презеле контрола врз околу 50 квадратни километри.

Според руските проценки, Москва контролира околу 90 проценти од Донбас и значителни делови од јужна и источна Украина, додека проукраински извори наведуваат дека Русија контролира околу 19 отсто од територијата и дека напредувањето годинава е забавено.

Ројтерс наведува дека не може независно да ги потврди тврдењата од бојното поле.

Текстот Руски генерал: Оваа година зазедовме 1.700 квадратни километри во Украина е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top