САД имаат десетици илјади војници во Европа – најмногу во четири земји

САД имаат десетици илјади војници во Европа – најмногу во четири земји

пред 3 часа

По одлуката на САД да повлечат 5.000 војници од Германија, повторно во фокус е американското воено присуство во Европа.

Според податоците од декември 2025 година, САД имаат околу 68.000 активни војници трајно распоредени во европски бази, не сметајќи ги ротациските сили и единиците на вежби.

Најголем дел од американските сили се наоѓаат во: Германија – 36.436 војници, Италија – 12.662 војници, Обединетото Кралство – 10.156 војници, Шпанија – 3.814 војници

Дополнително американско присуство има и во Полска, Романија и Унгарија, главно преку ротациски сили и пристап до воени бази.

Американската војска во Европа е распоредена во повеќе од десет држави и функционира преку Европската команда на САД, која ги координира операциите со НАТО сојузниците низ Европа и делови од Африка.

Текстот САД имаат десетици илјади војници во Европа – најмногу во четири земји е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top