Саудиската војска уништила пловило со експлозив кај пристаништето Јанбу

пред 4 години

Саудиското Министерство за одбрана објави дека војската на кралството уништила пловило полно експлозиви во Црвеното Море, покрај пристанишниот град Јанбу, објави „ Ал Арабија“.

„Беспилотно површинско возило (УСВ) натоварено со бомби беше пресретнето и уништено утрово. Морнаричките единици уапеаја да ја откријат и следат активноста на УСВ во водите на Црвеното Море крај брегот на Јанбу“, рече портпаролот на саудиското Министерство за одбрана, бригадниот генерал Турки ал-Малики.

Министерството започна истрага за идентификување на виновникот зад обидот за напад.

Извештајот доаѓа во моментот кога безбедносната фирма „Драјд глобал“ пријави дека брод бил нападнат во саудиското пристаниште Јанбу. Друга безбедносна фирма, „Нептун П2П груп“ претходно пријави можна експлозија на пристаништето „Кинг Фад“ во Јанбу, додавајќи дека црн чад бил забележан во близина на јужниот влез на пристаништето.

Саудиските воени бази и инфраструктура постојано се мета на беспилотни летала и чамци натоварени со експлозиви, лансирани од јеменската бунтовничка група Хути. Нападите се интензивираа и покрај напорите на Ријад да го запре конфликтот преку примирје поддржано од ОН.

Во изминатите неколку месеци, саудиската територија беше цел на повеќе напади на Хутите од соседен Јемен, кои се вовлечени во внатрешен конфликт меѓу владините сили и бунтовниците.

Ријад ја поддржува владата од 2015 година, спроведувајќи воздушни, копнени и морски операции против Хутите, кои, пак, често возвраќаат со одмазнички напади.

Share
Scroll to Top