Светската банка одобри 12 милијарди долари за земјите во развој за набавка на вакцини

пред 5 месеци

Светската банка одобри план за помош од 12 милијарди американски долари за да им се овозможи на земјите во развој брз пристап до вакцините против Ковид-19 кога ќе станат достапни. Како што беше најавено, одборот на извршни директори на Светска банка вчера го одобри планот. Парите ќе бидат искористени за „финансирање на набавка и дистрибуција на вакцини, тестови и третман на граѓаните на тие земји“, се вели во соопштението. Оваа финансиска помош од Светската банка може да овозможи вакцинирање на до милијарда луѓе. Целта на Светската банка е да испрати сигнал до истражувачката и фармацевтската индустрија дека граѓаните на земјите во развој исто така мора да имаат пристап до безбедни и ефективни вакцини против Ковид-19.

Share

Watch The Quintessential Quintuplets 2 Episode 1 (https://animefreak.ws/m/dv8g/ep-1) at website https://animefreak.ws. See more animefreak

Slime Taoshite 300-nen, Shiranai Uchi ni Level Max ni Nattemashita Episode Preview at website https://gogoanime.be. See more toradora gogoanime

Scroll to Top