Северна Кореја лансираше балистички ракети пред самитот на кој ќе пристигне и Трамп

Северна Кореја лансираше балистички ракети пред самитот на кој ќе пристигне и Трамп

пред 13 часа

Северна Кореја утрово испалила неколку балистички проектили со краток дострел кон морето на источниот брег, соопшти јужнокорејската војска. Ова е прво лансирање од мај годинава и претставува уште едно игнорирање на меѓународната забрана за развој на вакво оружје, која ја поддржуваат САД и Јужна Кореја.

Инцидентот се случува една недела пред одржувањето на самитот на АПЕК во Јужна Кореја, каде што ќе се сретнат претседателите Доналд Трамп, Ли Џе Миунг и кинескиот лидер Шји Џинпинг.

Според Здруженото командување на Јужна Кореја, проектилите биле лансирани од подрачје во близина на Пјонгјанг кон североисток. Се наведува дека Сеул ги споделува сите податоци со САД и Јапонија.

Новата јапонска премиерка Санае Такаичи изјави дека ракетното тестирање „не влијаело на безбедноста на Јапонија“ и дека Токио разменува информации во реално време со Вашингтон.

Северна Кореја последен пат лансираше балистички ракети на 8 мај, а годинава на воена парада го претстави својот нов интерконтинентален проектил, на која присуствувал и кинескиот премиер.

Текстот Северна Кореја лансираше балистички ракети пред самитот на кој ќе пристигне и Трамп е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top