Северна Кореја лансираше ракета во морето

пред 3 години

Северна Кореја лансираше неидентификувана ракета во морето, соопшти јужнокорејската војска. Ракетата е лансирана во морето источно од полуостровот, соопшти армијата во Сеул, без да даде прецизни детали.

Северна Кореја неодамна спроведе неколку тестови, вклучително и тест на ракета со голем дострел, како и тест на проектил за кој Пјонгјанг рече дека е хиперсоничен.

Северна Кореја го зајакна воениот арсенал и покрај меѓународните санкции воведени поради нуклеарно оружје и балистички ракети, пишуваат медиумите во светот.

Минатата недела севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го обвини Вашингтон за тензиите, додавајќи дека САД се основната причина за нестабилност на Корејскиот Полуостров.

Share
Scroll to Top