Северна Кореја: Ќе го преиспитаме мораториумот на нуклеарното оружје и ќе ја зајакнеме нашата одбрана од САД

пред 3 години

Северна Кореја ќе ја зајакне својата одбрана од САД и ќе размисли за мораториум на нуклеарното оружје и ракетите со долг дострел, објави денеска севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун свика состанок на Политбирото на владејачката Работничка партија на разговори за „важни политички прашања“, но и за контрамерки против „непријателската“ политика на САД, објави новинската агенција КЦНА.

Предупредувањето на Северна Кореја дојде само неколку часа пред Советот за безбедност на Обединетите нации, на барање на Соединетите Американски Држави и некои други земји, да одржи состанок зад затворени врати за да разговара за неодамнешните ракетни тестови на Северна Кореја.

Share
Scroll to Top