Седницата на црногорската влада во технички мандат денеска е прекината по кавга меѓу премиерот во заминување Здравко Кривокапиќ и министерот за надворешни работи Ѓорѓе Радуловиќ, поради санкциите кон Русија, пишува подгорички „Вијести“.
Вицепремиерот и мандатар најави вонредна прес-конференција.
Од Владата било официјално соопштено дека седницата е прекината поради несогласувања во постапката за донесување на одлуката за примена на санкциите дефинирани со точките 11, 12, 13 од усвоениот дневен ред.